СДСМ: Само ДПМНЕ – Левица и партии од Бугарија се против Резолуцијата на Бундестагот

Од:

Само партии од Бугарија и ДПМНЕ-Левица се против Резолуцијата на Бундестагот. Откако стана кристално јасно дека Мицкоски не лобирал за Резолуцијата на германскиот Бундестаг ДПМНЕ почна да плука по неа велат од СДСМ.

– Што стои во усвоената Резолуција за којашто само ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија ја напаѓаат: “Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење