СДСМ: Самитот го потврди уназадувањето на Македонија во евроинтеграциите

Од:

СДСМ оценува дека иницијативата на Германија со којашто се реафирмираше заедничкиот интерес сите земји од Западниот Балкан да станат дел од Европската Унија е многу корисна за Македонија и за целиот регион.

„Ја поздравуваме завршната декларација од средбата во Берлин, во којашто со право, од целиот регион, се очекува вистински напредок и демократска иднина, базирана на владеење на правото.

Во неа конкретно се бара: слобода на медиумите, подобро владеење, независно судство, нулта толеранција за корупција, независни синдикати и економија ослободена од политички влијанија.

Во заклучоците од оваа прва конференција за Западен Балкан, што ја иницираше канцеларката Ангела Меркел, се нагласува и дека “мора да и се овозможи на опозицијата да ја одигра својата улога во Парламентот“.  Со тоа, на Никола Груевски во Берлин лично му е испорачана пораката дека мора да седне на разговори со опозицијата, за решавање на политичката криза во Македонија.

Сите заклучоци во декларацијата од Берлин упатуваат на проблемите во Македонија на коишто укажува опозицијата веќе подолго време.

Се надеваме дека сега кога истата порака дојде и од Берлин, Владата на Груевски ќе мора да прифати дека нема бегање од одговорност и дека е време за решителна акција.

Жално е што Самитот го потврди уназадувањето на Македонија во евроинтеграциите.

Некогаш прва во регионот, вчера Македонија, на прес конференцијата не беше спомената меѓу земјите кај коишто е истакнат напредок: Србија, Албанија и Косово. Првите две држави беа далеку зад Македонија, а Косово не беше ни држава, кога во 2005 година го добивме кандидатскиот статус.

Загрижени сме што осум години подоцна, Македонија го губи чекорот со своите соседи“, се вели во соопшетнието на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ