СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Од:

Од САД пристигнуваат најави за Закон за демократија и просперитет во Западен Балкан, кој беше усвоен во Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес минатата среда. Посебен фокус се става на состојбите во соседна Србија, особено состојбата на демократијата која е оценета како „загрижувачка“, авторитарната контрола, но и корупцијата. САД реагираат дека власта на СНС ги обвинува мирните демонстранти, опозицијата и граѓанското општество за дестабилизираат Владата, што е оценето како „загрижувачко тврдење кое ја загрозува безбедноста на важни сегменти од српското општество“, велат од СДСМ.

– Секако тука е и корупцијата која се споменува меѓу главните политички лидери. Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Сите политиките им се исти. Мицко, копира сè што прави неговиот српски „стрико“ Вучиќ. Лажни вести, манипулации, напади на опозицијата, криминални тендери, корупција со бизнис шеми, контрола врз судството, задушување на медиумите, задушување на демократијата, на говорот за слобода, изолација од ЕУ….листата е огромна. Copy-paste, исто како Вучиќ. После воведувањето на овие санкции од САД за Вучиќ во Србија, прашањето е дали Христијан Мицкоски мирно спие? Нема да ви помине истото сценарио! Македонија не сака изолација! Македонија сака напред, во Европа, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски