СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

Од:

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија. САД од 21 јануари ја прекинуваат обработката на визи од 75 земји. Водечките американски и светски медиуми, од пред еден час објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија…за кои е суспендирана обработката на визи, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

„Американската влада од 21 јануари ќе ја прекине обработката на визи од 75 земји, меѓу кои се Русија, Бразил, Иран, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Нигерија, Црна Гора, Албанија и Тајланд, објави денес Телевизија Фокс, повикувајќи се на документи на Стејт департментот.

(https://www.foxnews.com/politics/us-freezes-all-visa-processing-75-countries-including-somalia-russia-iran )

Американскиот претседател Доналд Трамп во ноември изјави дека ќе воведе „трајна пауза“ за доаѓањата од „земјите од Третиот свет“, наведува Ројтерс.

Се тврди дека на амбасадите на САД им е наложено да престанат да примаат барања за издавање визи, сè додека не се преиспита постојната процедура, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

Хамнеи постави ултиматум

Техеран не сака прекин на огнот што би им овозможило на САД и Израел повторно да нападнат

Горан Наумовски