СДСМ: Ристески продолжува да си поигрува со социјално најпогодените

Од:

Марјан Ристески, продолжува да си поигрува со социјално најпогодените, лицата и семејства од Прилеп кои немаат ниту кров над главата, исто како што тоа го направи во 2009 кога бараше втор мандат, реагираат од СДСМ.

И тогаш, како и денес, велат во присуство на претставници на владата, тураше камен темелник на зграда за социјални станови, но веднаш после избори средствата за таква зграда ги повлекоа и ги пренаменија за катна гаража и споменици. И тогаш, и денес си погрува со најзагрозените, само за некој глас повеќе. Барем денес, во духот на христијанската традиција, да повикаа верско лице на денешното турање темелник.

Фактот што тендерот за изградба на зградата му го даваат на фирма од Вевчани која нема градилиште во Прилеп, ја прави оваа предизборна манипулација на Ристески , уште појасна. Што значи повторно парите, во име на подизведувачи ќе завршат кај фирмите „подобни“ за Ристески, како ТЕРА КОТА и ТЕХНИКА.

Конечно, како не му е срам на градоначалникот во заминување Марјан Ристески, јавно да се противи на проектот од програмата на Хари Локвенец, за изградба на две социјални згради со по 64 станови?

Дали власта на Груевски, ќе се обиде да ја спречи изградба на овие станови, кои идната локална власт не чело со Локвенец вети да ги изгради, исто како што Марјан Ристески ја спречи изградбата на регионалната депонија вредна 22 милиони евра во 2005 г.

Што се однесува до законската регулатива за изградба на социјални станови од локална власт, тоа изводливо и законски. Ако нешто не му е јасно на досегашниот градоначалник Ристески, нека се обрати кај Хари Локвенец и неговиот тим, па ќе добие одговор за сите негови дилеми.

На крај, градоначалнику во заминување, доста се поигрувате со судбините на најзагрозените. Барем последните неколку денови од твоето владеење имај малку, чувство на човечност и достоинствено, без лаги, манипулации и закани одработи си го деновите од вториот мандат, затоа што трет прилепчани не ти даваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница