СДСМ: Резултатите на ВМРО-ДПМНЕ се корупција и загрозена демократија

Од:

„Два извештаи на релевантни меѓународни организации потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ја парализираа државата во последните 10 години за свое лично богатење. Корупцијата расте, демократијата е загрозена.

Според извештајот на Фридом Хаус, Македонија го изгуби својот статус како изборна демократија и е во исти кош со Хондурас и Малдиви.

Македонија според Фридом Хаус е делумно слободна држава и бележи надолен тренд во слободите. Констатирани се недостатоците за време на гласањето како и изборните измами.

Македонија го зазема последното место во регионот според политичките слободи што е катастрофално лош показател за било која нормална држава.

Граѓаните најсилно ги чувствуваат последиците од владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Вистината за Македонија го покажа целокупниот криминал на фамилијата но и изборните измами, манипулациите со лажните лични карти, притисоците врз граѓаните, уцените.

Тоа го потврди и извештајот на реномираната организација Фридом хаус.

Вториот меѓународен извештај објавен денес, на Транспаренси интернејшнал, потврдува дека корупцијата е сериозен проблем во Република Македонија.

Криминалот на фамилијата во изминатите 10 години ја смести земјата во групата на земји коишто имаат сериозен проблем со корупцијата.

Македонија го дели 66 место, со Сао Томе и Принципе.

Ова е силна потврда дека на Македонија и се неопходни промени, неопходно и е враќањето на слободата и демократијата.

Македонија бара промени и промените ќе се случат на следните слободни, фер, и демократски избори“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ