СДСМ: Резултат на криминалот на бандата на Груевски се лошите услови за живот на скопјани

Од:

Во Скопје се уште нема основни работи што значат достоинствен живот за скопјани, наведува СДСМ во реакцијата на денешната прес-конференција на координаторот на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Слободанка Алексовска.

„Резултат на криминалното владеење на бандата на Никола Груевски се лошите услови за живот на скопјани.

Се потрошија 630 милиони евра за споменици, а во 21 век, во Скопје се уште нема канализација во целиот град.

Во 21 век, во Скопје се уште нема водовод во целиот град.

Поради криминално-тендерските интереси на бандата на Груевски скопјани дишат енормно загаден воздух, полн со штетни, канцерогени честички.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното.
Тоа значи дека половина година скопјани дишат загаден воздух.
Во Скопје се уште има азбестни покриви во училиштата.

Во Скопје се уште има азбестни цевки за вода.

Во Скопје при поголем дожд улиците се поплавуваат.

Во Скопје нема природен гас за граѓаните.

Во Скопје нема основни работи што значат достоинствен живот за скопјани.

Градот Скопје целосно е ставен во функција на болната потреба за раскош и луксуз на Никола Груевски.

Во Скопје нема ни градоначалник. Нема човек кој се грижи за интересите на граѓаните. Коце Трајановски е извршител на забеганите желби на Никола Груевски.

И самиот Коце денеска тоа го потврди бидејќи не собра храброст да се соочи со погрешните политики и промашените проекти. Со оглед на тоа што и самиот Коце Трајановски веќе нема илузии дека е градоначалник, треба веднаш да поднесе оставка“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата