СДСМ: Режимот преку инциденти сака да сее страв и паника меѓу граѓаните

Од:

„Немоќта и очајот на ДПМНЕ се очигледни! Паниката ги тера да создаваат инциденти. Избезумени од сликата на илјадници луѓе на прилепските улици, слика која секоја вечер се повторува, во нервоза челниците на режимот, се обидуваат да прават инциденти.

– Лицата кои ДПМНЕ, очајно се обидува да ги прикаже како жртви, се Зоран Митрески – претседател на младински штаб на ДПМНЕ од населба РИД во Прилеп, и Гоце Митревски- негов татко и член на ДПМНЕ.  Двајцата посочени, вчера се обидоја со возило да влеетаат во луѓето кои мирно протестираа на маршот во Прилеп.

– Полицијата беше сведок на ваквиот обид од страна на партиските војници на ДПМНЕ, да направат инцидент. За среќа, овој пат, полицијата навреме ги превенираше и ги спречи во нивните намери да направат инцидент и конфликт помеѓу граѓаните.

– Со гадење ги отфрламе ваквите очајни обиди на режимот, преку режирање на инциденти, да сее страв, паника и омраза меѓу народот“, се вели во реакција на СДСМ на соопштение од ДПМНЕ од 01.02.2013.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер