СДСМ: Решението за проблемите на граѓаните на Скопје e оставка на Коце

Од:

„Преку Буџетот за 2016 година и Програмите за планови за развој, Коце Трајановски најдиректно им покажува на граѓаните дека се има откажано од Скопје и скопјани. Дури и со самото негово однесување, кога уште на почетокот ја напушти седницата на Советот кога се дебатираше за Буџетот, тој покажа дека не е ниту заинтересиран за градот.

Коце Трајановски во Буџетот за 2016 година нема ниту еден голем капитален проект. Ама затоа има предвидено:

· 18 милиони евра за Панорамско тркало;
· нови 5,7 милиони евра за барокни фасади;
· 3 милиони евра за нови плоштади и фонтани;
· нови 2,6 милиони евра за луксузна барокна Градска куќа која ја гради со години;
· дополнителни 500 илјади евра за партерно уредување на просторот околу безобразно луксузното партиско седиште на ДПМНЕ, итн.

Вкупно, околу 30 милиони евра преку Коце Трајановски за раскошот и луксузот на политичарот во заминување Никола Груевски.

Од друга страна, идната година Коце Трајановски нема предидено дополнителни пари за:

· мерки за прочистување на воздухот во Скопје;
· проекти за енергетска ефикасност;
· алтернативен јавен градски превоз на електричен погон, итн.

За Коце не се важни граѓаните, за него е важно да има пари за вистинскиот управител со Скопје, Никола Груевски, за неговиот поглед додека се вози во Мерцедесот од 600 илјади евра. Коце Трајановски нема капацитет, волја, сила, а најмалку визија да го води Скопје. Решението за проблемите на граѓаните на Скопје, е итна и неотповиклива оставка на Коце Трајановски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата