СДСМ: Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија

Од:

„Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаа пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат.

Водата во Гевгелија е со висок квалитет, повеќе не содржи арсен и е целосно безбедна за пиење.

Анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од трите бунари на новиот водоснабдителен систем, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека квалитетот на водата е во согласност со законските и стручни прописи.

Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, чиста вода за пиење и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?