А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Република Македонија повторно е оценета како земја во којашто владее хибриден режим

by А1он23/06/2015 - 13:24192
Share0

„Во најновиот Извештај на релевантната меѓународна организација Фридом хаус, Република Македонија повторно е оценета како земја во којашто владее хибриден режим.

Добивај вести на вибер

Извештајот на Фридом хаус содржи недвосмислени критики за спроведувањето на изборниот процес, состојбата во медиумите, загрозувањето на основните човекови права и слободи. Се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: независност на медиуми, борба против корпуција, изборен процес и граѓанско општество.

Фридом хаус го констатираше она што е содржано во Извештајот на експертската група на Европската комисија, подготвен од Рајнхард Прибе, којшто укажува на сите системски злоупотреби на власта на Никола Груевски.

Меѓународните извештаи се јасни, нема простор за различно толкување или нерелни перцепции. Работите мора да се променат. На Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата и европските вредности.

Неопходно е Никола Груевски и неговите најблиски соработници, кои ја узурпираа државата и од неа направија земја со хибриден режим, да се повлечат и преку организација на Влада, во којашто нема да бидат вклучени креаторите на проблемите, да се создадат минимални услови за организирање на фер и демократски избори во Р. Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

fridom haussdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто