А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Реформите во здравството не се на штета на граѓаните како што лаже ВМРО-ДПМНЕ

by А1он16/05/2019 - 15:28209
Share0

Очигледни се фрустрациите и незадоволството во ВМРО ДПМНЕ по поразот на изборите, на кои граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики. Очаен е обидот на ВМРО ДПМНЕ да манипулира со граѓаните, здравствените работници и пациентите дека формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата ќе биде на нивна штета, реагира СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

“Вистината е токму спротивна, промената од досегашниот модел на функционирање и преминот кон јавно приватно партнерство нема директно да ги засега пациентите во поглед на финансии, односно пациентите нема да имаат дополнителни трошоци.

ВМРО ДПМНЕ лаже дека ќе има отпуштања  од работа на моментално вработените, напротив, не само што ќе нема, туку предвидени се нови, дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите и унапредувањето на здравството да ги прикаже дека се на штета на граѓаните. Серија на вакви и слични прес конференции полни со невистини за јавните набавки во здравство ВМРО-ДПМНЕ објавуваше и во минатото, но на крајот институционално се потврдија како класични лажни вести.

Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за Здравство и беа исплаќани на паушално ниво кон Болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство ќе бидат оптимизирани и контролирани, по број на реализирани стeрилизации, обновена опрема, дезинфекција и потрошен материјал.

Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара предизвикува проблеми, истата ќе биде сменета со нова. Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравството, преку подобрување на здравствените услуги и условите  за работа на медицинскиот персонал и докторите.”, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsmvmro

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Горан Наумовски20/02/2026 - 16:48

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 14:0220/02/2026 - 19:41

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:38

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен