СДСМ: Реформи со Никола Груевски не може да има

Од:

Реформи со Никола Груевски, креаторот на целата државна, економска и политичка криза не се можни. Државните институции повеќе не се функционални. Македонија нема претседател, нема вистински демократски Парламент, нема Уставен суд…. се е само партија и се е во функција на заштита на криминалите на Никола Груевски.

Затоа независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата, како Специјалното јавно обвинителство, се под постојан притисок и опструкции од страна на криминалната власт.

Eдинствено излезно решение од политичката криза е можно со поништување на сите аболициии и спроведување на брзи, регуларни, фер, демократскии кредибилни избори. 

Врз база на принципите од Пржино потребно е формирање Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер и регуларни избори, што поскоро.
 
Но, Никола Груевски бега бега од слободни, фер и деморатски избори затоа што се надева дека на тој начин ќе избега од правдата, ќе ја спаси сопствената кожа.

Никола Груевски кукавички се бори само за аболицијата и за одложување на слободните избори што подоцна.

Напразно се надева Груевски дека ќе се спаси од одговорноста, ќе се спаси од затворот.

Правда ќе има, одговорност ќе има. Аболициите целосно ќе се поништат. Оние што им е местото во затвор, таму и ќе завршат.

Во Македонија нема да има уште едни криминални избори. Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите мора да престанат.

Зборот е збор. Во Македонија ќе има само слободни, фер, регуларни и демократски избори, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата