СДСМ: Разголена е лажната грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните, тој се грижи само за личните задоволства и партиските интереси

Од:

„Јавноста беше сведок на незрелото и неодговорното однесување на Христијан Мицкоски, кој без срам ги прекрши мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот.

Се што видовме изминатиов период од Мицкоски, кога се соочуваме со здрваствена криза, беше непочитување на мерките, деструкција, ширење лажни вести.

Мицкоски само тоа има да им го понуди на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Мицкоски треба да се засрами од своето однесување кое е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија.

Мицкоски нема никаков однос и одговорност ниту за болните, ниту за докторите, ниту пак за оние кои поради таквите како него, коишто не ги почитуваат мерките сега мораат да ги трпат рестриктивните мерки.

ВМРО-ДПМНЕ преку примерот на Мицкоски намерно и организирано не ги почитува мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени.

Дополнително, злоупотребувајќи ги своите инсталации во МВР се обидуваат да ги сокријат трагите од прекршувањата на законите.

За Мицкоски е јасно дека неговата теретана и неговите кафеани се поважни од здравјето на луѓето.

Разголена е неговата лажна грижа за граѓаните, за иднината на државата. Единствено за што се грижи Мицкоски е да биде попривилегиран во однос на останатите граѓани, да ја злоупотребува својата позиција и да ги крши законите за лични задоволства и партиски цели.

Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема. Во оваа ситуација, политичарите мора да бидат пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови. Срамота! Граѓаните ќе ценат и ќе судат за незрелиот однос на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата