СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го интересира само заштита на криминалот на Груевски

Од:

„Врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислување на нови, нелогични барања кои имаат за цел повторно да ја вратат амнестијата за Груевски и неговите соработници.

Очигледно е дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски покажува дека го интересира само амнестија за криминалите направени за време на 11 годишното пустошење на државата.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има за никого. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат дали се за НАТО и ЕУ или против!

Доколку навистина е за ЕУ и НАТО Мицкоски ќе ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на над 600 илјади граѓани и да ги поддржат процесите во Собранието кои водат до полноправно членство во двата најголеми светски сојузи.

Наместо преку нелогични барања да се обидуваат да издејствуваат амнестија за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да покажат одговорност и да ја почитуваат јасно изразената мнозинска волја за иднина во ЕУ и НАТО.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорното однесување, доколку на секаков начин се обидува да ја кочи македонската иднина, тогаш следниот логичен чекор е предвремени парламентарни избори веднаш.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја кочат македонската иднина и нема да може да избегаат од волјата на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје