СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престане да вовлекува недолжни граѓани во насилие за свои интереси

Од:

„Македонија има легитимно парламентарно мнозинство и нов легитимен и признаен претседател на Собранието, избран според Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија.

Демократските процеси продолжуваат во насока на формирање на новата реформска Влада.

Сите лидери на политички партии, институции, вработени во институциите се должни да го овозможат формирањето на новата Влада, без одложување.

Продолжувањето на државните процеси е врвен државен приоритет.

Погазувањето на државните интереси е неуставно и тешко кривично дело и повлекува одговорност.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да злоупотребува граѓани за протести и да вовлекува недолжни граѓани во насилие со цел заштита на своите криминални интереси“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски