СДСМ: Раководството на СОНК настапува со политичка агенда и уцени, на штета на образовниот процес, децата и родителите

Од:

Од СДСМ велат дека денешниот настап на раководството на СОНК наликувал на „политички настап со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците и на образовниот процес“.

„Одбивањето на раководството на СОНК за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен, во време на криза и законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени, го потврдува тоа.

Раководството на СОНК нема формална основа за штрајк, затоа што согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи штрајк пред овој рок е смислена уцена.

Зошто од страна на раководството на СОНК вопшто не беа споменати учениците, децата, кои се најважни? Зошто не беа споменати родителите кои раководството на СОНК ги става во неизвесност?

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст