СДСМ: Раководството на СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%, важно е да продолжи наставата

Од:

Во интерес на учениците и образованието е да продолжи учебната година.Правото на штрајк е уставно загарантирано, но исто така и правото на образование кое не смее да биде нарушено порачуваат од СДСМ.

– Уценувачкиот потег на СОНК, односно одбивањето на предлогот на Владата предводена од СДСМ за зголемување на платите за 10 отсто или 2.500 денари во просек и новата методологија за постојан раст на платите покажува дека овој синдикат не се води од интересите на наставниците и учениците. Платите во обрзованието ќе се зголемат, ќе се создаде нова методологија, но пролонгирањето на учебната година на крајот ќе наштети на учениците, родителите, наставниците. Затоа раководството на СОНК да престане со уцените, да го прифати покачувањето на платите од 10%, наставата да продолжи затоа што тоа е во интерес на децата и учениците се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?