СДСМ: Психолози, педагози и дефектолози ќе вработи новата Влада

Од:

„Училиштата ќе ги добијат потребните педагози, психолози и дефектолози, но нив во училиштата ќе ги обезбеди новата одговорна Влада на граѓаните.

Граѓаните повеќе не веруваат на Спиро Ристовски и на криминалната власт во заминување, бидејки ако тие сакаа имаа 10 години досега да се посветат на здравиот раст и развој на децата, наместо да мислат на парите во своите џебови. Мнозинството граѓани затоа и гласаа за промени.

Да беше искрен Ристовски ќе посочеше и каде се предвидени пари за овие вработувања, но тој соопштува лажни вести, како што е навикната да лаже партијата од којашто доаѓа.

Времето на Спиро Ристовски заврши.

За учениците да бидат соодветно згрижени во училиштата, за нови реални вработувања и за реални политики во интерес на граѓаните потребно е што побрзо да се формира новата Влада на граѓаните на Р.Македонија“ пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“