СДСМ: Провизиите што ги бараше Мијалков поголеми од инвестициите

Од:

„Цели два месеци Никола Груевски не може да го смири немирот од посетата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Израел, каде што беше пречекан на највисоко државно-владино ниво.

Што се однесува до виртуелните инвестиции со коишто премиерот во заминување, Никола Груевски, се расфрла пред избори, официјалните податоци на Народна банка покажуваат дека за 3 години, од Израел во Македонија влегле само 2 милиони евра инвестиции.

Тоа се околу 600 илјади евра годишно.

Само за потсетување, провизијата што ја побарал братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков во мега корупцискиот скандал за набавка на опрема за прислушување, изнесуваше 540 илјади евра евра.

Сериозни и одговорни држави очигледно го одбегнуваат Никола Груевски поради корупцијата во изминатите 10 години.

Едно е сигурно, за премиерот во заминување, Никола Груевски, ова е негова последна официјална посета на Израел“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски