А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

by А1он23/09/2024 - 11:19447
Share0

Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување. Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните. Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија. Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите, велат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард. Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари. Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила. Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите“, велат од партијата.

mickoskiprosecna platasdsm

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Горан Наумовски05/03/2026 - 14:38

Мицкоски: Нема закани по безбедноста, фокусот е на потенцијалните економски ефекти

Горан Наумовски05/03/2026 - 14:09

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:2402/03/2026 - 12:36

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен