СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Од:

СДСМ ги остварува своите ветувања кон граѓаните, и се труди да им овозможи подобар животен стандард. Во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Ова е достижно и остварливо, со правилните политики кои СДСМ ги води во интерес на граѓаните. Тоа и веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари, се вели во соопштението од СДСМ.

– СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат. Европски стандард за сите, подобри услови за стопанството, раст на економијата, одговорност за менаџирање со буџетот, со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат, е во фокусот на СДСМ и во новата програма – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески