СДСМ: Пропагандата платена со 20 милиони евра изеде 15 нови градинки

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се оние коишто за три години, за медиумите задолжени за ширење на владините лаги потрошија 20 милиони евра, пари на граѓаните!

Поради Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема нови фабрики коишто можеа да се отворат со 20 милиони евра, нема нови 4 илјади работни места.

Поради ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не се отворија современи амбулнати во 80 села низ Македонија, колку што можеа да се отворат со овие 20 милиони евра.

Пропагандата платена со 20 милиони евра, народни пари изеде 15 нови, современи градинки и остави над 3.000 дечињата без основни услови.

Наместо за решавање на проблемите на граѓаните 20 милиони евра отидоа за пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи.

Тоа се катастрофалните показатели како резултат на владеењето на Никола Груевски.

Оттука лагите на провладинте медиуми, платени со милиони евра, пари на граѓаните, за да се крие вистината.

Стравот кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е страв од вистината за катастрофалната реалност.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа закони за регулација на медиумите“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“