СДСМ: Продолжуваат нарачките по провладните медиуми за ширење невистини

Од:

„Последна потврда дека нема слобода во медиумите е Извештајот на Европската комисија.

Комисија јасно и прецизно го констатира она што сите во Македонија го знаат, владина контрола над медиумите од страна на Никола Груевски, дури и за време на избори.

Не постои извештај на некоја релевантна меѓународна организација во кој не е констатирано уназадување и намалување на слободата на медиумите и слободата на изразувањето во Македонија.

Јасно е дека Никола Груевски нема капацитет нешто да превземе ниту намера нешто да промени. Затоа продолжуваат  нарачките по провладните медиуми за ширење невистини.

Целосна лага се тврдењата на провладините медуми дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, финансира некој медиум. Ниту претседателот на СДСМ ниту пак некој од раководството на партијата финансира некој медиум во Република Македонија.

Спроведувањето на нарачките на власта, преку ваквите текстови на провладините медиуми, само ја потврдија владината контрола за која сериозно забележува и Европската комисија“, се вели во писмената реакција на СДСМ на невистините објавени од некои медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски