СДСМ: Признание на Муцунски за случајот Парцели во Лисиче, на потег е Антикорупциска

Од:

„Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски вчера призна дека всушност станува збор за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче, иако пред неколку дена тврдеше дека ќе бидат само куќи“, соопшти СДСМ.

„Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ги излажаа граѓаните на Аеродром, наместо повеќе зеленило и нови јавни површини како што ветуваа во кампањата, тие денес нудат бетонизација на постоечките зелени површини.

Оправдувањата дека процесот е започнат во 2019 година воопшто не држат, денеска сме 2023 година, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ го имаат мнозинството во Советот и прашањето што прави актуелната локална власт?

Очигледно ништо, освен бетонизација и задолжување на општината преку општинска обврзница.

По сите сомневања, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема