СДСМ: Притисокот врз медиумите беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја турна Македонија беше на дното по медиумски слободи, денес неосновано да обвинува и да глуми загриженост за слободата на изразување

Времето кога власта се пресметуваше со неистомисленици, кога се апсеа и притвораа новинари, кога се вршеа упади и затворања на медиуми заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Процесот на ослободување на институциите и општеството, започнат од Владата предводена од СДСМ обезбедува еднакви услови за сите, почитување на човековите права и ја гарантира слободата на изразување, а новинарите и медиумите слободно ја вршат својата работа, ослободени од било какви притисоци. Истовремено, создавањето на ефикасен, независен и професионален судски систем ја прави Македонија правна држава во која веќе нема нарачани и монтирани судски процеси, нешто што беше одлика на децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски