СДСМ Прилеп успешно ја продолжува соработката со СДП ОСТЕРШУНД од Шведска

Од:

„Општинската Организација на СДСМ од Прилеп успешно ја продолжува соработката со сестринската социјалдемократска партија СДП ОСТЕРШУНД од Шведска, во рамки на проектот „ПРОС“, кој е започнат во 2009 година заедно со шведските партнери и под покровителство на институтот Олоф Палме.

sdsmPrilep-sdp (3)

Во таа насока, овие денови во работна посета на ОО на СДСМ Прилеп престојуваат г-ѓа Лена Беклејн – пратеник во Собранието на регионот Јампланд во Шведска и координатор на проектот, како и г-дин Стефан Факс – политички секретар на партијата за истиот регион.

sdsmPrilep-sdp (5)

Според предвидените активности на проектот, гостите веќе оддржаа работилници и обуки за лидери со членовите на Локалниот Клуб на млади и Форумот на жени при СДСМ Прилеп, имаа состанок со Извршниот Одбор а следуваат работни средби и со другите органи при Општинската Организација. Работилниците се спроведуваат по системот „работа во помали групи“, кој е официјален и докажан начин на учење во Шведска.

sdsmPrilep-sdp (4)

Целта на самиот проект е зацврстување на социјалдемократијата помеѓу младите и жените, размена на политички искуства, зајакнување на внатрешните капацитети и на партијата во општеството, како и привлекување на нови членови и поддржувачи.

sdsmPrilep-sdp (1)

Заради успешната организација и позитивните ефекти, проектот ќе продолжи да се спроведува и во наредната 2015 година“, се вели во писменото соопштение на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата