СДСМ Прилеп: Ристески 8 години ги држи во заложништво граѓаните на Прилеп

Од:

Добро познатите удбашки методи на владеење, се симбол на власта на Груевски, пресликана во лицето на Марјан Ристески, со која веќе 8 години ги држите во заложништво граѓаните на Општина Прилеп.

Со притисоци, закани и уцени по работните места, денес докторите несмеат да штрајкуваат, а наставниците и професорите, за жал мораат да спречуваат хуманитарни настани- како што неодамна беше случај токму во Прилеп. Секој кој ќе се дрзне макар со еден збор против ДПМНЕ е јавно линчуван и жигосуван. Ова е власта на Груевски и Ристески.

Почитувани сограѓани, замислете истите тие денес „удираат и плачат“, односно шират лаги и невистини за Хари Локвенец, а за тоа дека истите ќе треба на суд да ги докажат , кукаат дека некој им се заканувал. Невидено лицемерие, типично за ДПМНЕ!

Добро е што преостануваат уште три месеци, кога прилепчани ќе имаат можност за татко на градот да постават успешен и докажан човек, кој наспроти лажните и неостварени ветувања на Марјан Ристески, преку реални и остварливи проекти, ќе го подобри животниот стандард и ќе го врати достоинството на прилепчани.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците