СДСМ Прилеп: Каде е дното на политичката култура на Димитар Стевананџија?

Од:

„Каде е дното на политичката култура на Димитар Стевананџија? Каде е крајот на неговото лицемерие? Комплетно е погрешна проценката на Центарот за лаги и манипулации од ДПМНЕ, денес овој човек да застане пред камера, а од друга страна локалната самоуправа, патем спротивно на закон, тура камен темелник на споменик за прилепските бранители.

– Истите бранители чие достоинство беше безобразно погазено од страна на Стевананџија кој гласаше за амнестија на нивните убијци. Гласаше и за министер за одбрана да биде можниот нарачател нивното убиство, Талат Џафери, познат како командант Фарина.

– Ти Стевананџија, за прилепчани си прочитана книга. Ти не собра храбост ниту да се оградиш од Благородна Дулиќ која прилепчани ги нарекува ајмуни. Со тебе е завршено, ниту те баравме тебе за дебата, ниту имаш капацитет за тоа. Денес, наместо да плукаш, требаше да ја искористиш приликата и на прилепчани да им се извиниш за сето ова.

– Повторно го повикуваме досегашниот градоначалник Ристески, ајде прифати ТВ-дуел со Хари Локвенец, да ја прекинеме оваа ваша валкана кампања и плукачка кампања која оди на штета на интересите на Прилеп и прилепчани.

– За крај, наш добронамерен совет до вас. Во интерес на имиџот на вашата партија која долго го градите, во интерес на вашата „патриотска“ идеологија во која се колните, тргнете ги ваквите лица како денешново, кој прават штета не само на вас туку и на сите граѓани на Општина Прилеп.  Немој на 24-ти Март да се чудите кога и вашите членови, заради ова нема да гласаат за вас.

– Уште еднаш, како што личи на татко на градот, прифати ТВ дуел, да зборуваме за вашите дела кои од Прилеп направија град на беда, сиромаштија и невработеност, и за нашите проекти со кои сето тоа ќе го решиме“, се вели во реакцијата на СДСМ Прилеп на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ