СДСМ Прилеп: ДПМНЕ во очајни обиди да режира инциденти

Од:

СДСМ Прилеп излезе со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од 01.02.2013. Немоќта и очајот на ДПМНЕ се очигледни, велат од СДСМ!

„Паниката ги тера да создаваат инциденти. Избезумени од сликата на илјадници луѓе на прилепските улици, слика која секоја вечер се повторува, во нервоза челниците на режимот, се обидуваат да прават инциденти.

– Лицата кои ДПМНЕ, очајно се обидува да ги прикаже како жртви, се Зоран Митрески, претседател на младински штаб на ДПМНЕ од населба РИД во Прилеп, и Гоце Митревски, негов татко и член на ДПМНЕ. Двајцата посочени, вчера се обидоа со возило да влеетаат во луѓето кои мирно протестираа на маршот во Прилеп“, стои во реакцијата.

Полицијата, велат, била сведок на ваквиот обид од страна на партиските војници на ДПМНЕ, да направат инцидент.

„За среќа, овој пат, полицијата навреме ги превенираше и ги спречи во нивните намери да направат инцидент и конфликт помеѓу граѓаните.

– Со гадење ги отфрламе ваквите очајни обиди на режимот, преку режирање на инциденти, да сее страв, паника и омраза меѓу народот“, се вели во рекацијата на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни