СДСМ Прилеп: До денар ќе се вратат украдени пари од прилепчани!

Од:

„Гласноговорникот на денешниот прес од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, наместо лицемерно да се грижи за состојбите во СДСМ, нека се запраша колку од осомничените функционери од власта, ќе останат на слобода?

Нека одговори Г-дин Љупчо Котески, како му успеа да замине со финансиска отпремнина од Тутунски Комбинат Прилеп и веднаш после тоа да се вработи во Основен суд Прилеп, додека Прилеп тоне во безработица?

Колку пари од граѓаните на Прилеп се изнесени надвор од Македонија, колку во Австралија, а колку се трансферирани на офшор – дестинации и во европските банки?

Дојде времето кога Груевски и криминалците од власта ќе одговараат за сите злоупотреби и ќе мора да ги вратат украдените милиони евра, народни пари. Украдените пари, до денар ќе ги вратат назад, а криминалците ќе завршат во затвор и овој процес нема никој да го запре, ниту на централно, ниту на локално ниво!

Дојде крајот на „Миле ми текна“ и „Пиштење и вриштење“ политиката.

Граѓаните на Прилеп заслужуваат нов почеток“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ