СДСМ: Пресудата на судот во Стразбур во одбрана на новинарите е доказ дека правда има и ќе има

Од:

„Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 владата предводена од Груевски изврши грубо прекршување на законите и Уставот на Република Македонија. Пресудата која е донесена едногласно е уште еден меѓународен пораз за Република Макеоднија, но и за Уставниот суд на Р.М. кој го одби барањето на новинарите за заштита на слободите и правата на новинарите.

Ваквиот епилог во Европскиот суд за човекови права е доказ дека правдата е бавна, но сепак достижна. 24 декември ќе остане запишан како најцрниот датум во македонската современа историја како ден кога се погазија сите човекови права и слободи, само затоа што така посака Никола Груевски.

За никогаш повеќе да не се повторат грозоморните слики од црниот понеделник, на Македонија итно и е потребна нова влада одговорна на граѓаните. Доаѓа време на правда и одговорност. Секој кој го прекшил законот ќе мора да одговара без разлика дали бил нарачател или извршител на кривично дело. Македонија ќе тргне по патот на правдата, бидејќи тоа е единствениот вистински пат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка