СДСМ: Преспа форум дијалогот ја потврди силната меѓународна поддршка, продолжуваме со интеграција кон ЕУ со заштитен македонски идентитет

Од:

„Преспа форум дијалогот што се одржа во Охрид е историски важен настан кој носи зајакнување и дополнителна афирмација на нашите меѓународни позиции. Нашата држава како никогаш досега сведочеше на силна поддршка од нашите сојузници од западниот свет“, велат СДСМ.

„Сите наши најважни меѓународни сојузници, во срцето на словенската писменост – Охрид, потврдија дека македонскиот идентитет и јазик се прашање кое е затворено и кое не може да биде услов за напредокот кон ЕУ.

На целиот свет јасна му е нашата цврста определба да не се задира во македонскиот идентитет и јазик во изнаоѓањето решенија за продолжување на патот кон ЕУ.

Ставовите на СДСМ, на Владата се јасни и повеќе пати повторени како дома така и надвор –интеграција во ЕУ само како Македонци, со потврден македонски јазик и идентитет.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме посветено да работиме на интеграцијата, да ги унапредуваме односите со меѓународните сојузници, а европските стандарди и вредности да ги носиме дома“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби