СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Од:

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски врши директно влијание врз работата на обвинителството и побара оставка од обвинителот Ненад Савевски, поради, како што велат, сомнежи за нарушена независност на институцијата.

Од партијата тврдат дека „Мицкоски нарачува, а Савевски испорачува“, оценувајќи дека станува збор за пример на, како што наведуваат, „партизирано судство и обвинителство“.

Според СДСМ, веќе 160 дена нема одговор од обвинителството за, како што велат, „криминалните тендери“ што ги објавил нивниот Антикорупциски тим.

Од партијата ги посочуваат случаите со, како што тврдат, 161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер преку општини за фирмата „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди груп“, како и доделување 9 милиони евра на фирма со двајца вработени и тендер од 1,2 милиони евра преку Пошта за фирма, за која велат дека е блиска до ЗНАМ.

СДСМ прашува и зошто нема постапување по кривичната пријава поднесена против премиерот Мицкоски.

„Нема правда, има контролирано судство и обвинителство лично од Мицкоски“, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека не гласале за изборот на Савевски токму поради сомнежи во неговата независност, оценувајќи дека актуелните случувања, според нив, ги потврдуваат тие стравувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски