СДСМ: Преку почитување на препораките за заштита од коронавирусот се грижиме за здравјето и помагаме на здравствените работници

Од:

„Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата со коронавирусот.

Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова.

Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем“, велат од СДСМ.

„Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или се пронајде вакцина.

Затоа од исклучително значење е граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките на Владата, за неопходната физичка дистанца и носење заштитна опрема.

Да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот но на начин на којшто ќе бидеме заштитени а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас.

На тој начин се грижиме за нашето и за колективното здравје, но и директно им помагаме на здравствените работници, кои се во првата борбена линија со коронавирусот.

Секој од нас треба да им помогне со почитување на мерките за заштита, секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. Продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем.

Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

Сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.

Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов