СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните парламентарни избори во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз

Од:

Предвремени избори нема да има. Нема да има не затоа што СДСМ се плаши од нивниот резултат, туку затоа што имаме цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори велат од СДСМ.

– Реформите на сите нивоа ќе се случат без разлика на јавните лелекања на Христијан Мицкоски со кои трага по свои сојузници во власта. Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ретроградните сили кои сонуваат за враќање во минатото и одржување на статус кво во борбата против корупцијата, со единствена цел да си го заштитат нелегално стекнатото богатство, прават есап без крчма. Напорите за достигнување на неселективна правда е поголемо и од СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ! Тоа е национална цел број еден која ќе биде испорачана заради иднината на нашето заедничко општество се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски