СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Од:

Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен, претставува нов удар врз македонските позиции од ВМРО-ДПМНЕ за свесно враќање наназад, вели потпреседателката на СДСМ Кристина Костова.

– Клучното прашање е зошто власта отвора прашања кои веќе се затворени кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа. Овој потег ѝ дава дополнителен маневарски простор на бугарската страна за нови условувања. ВМРО-ДПМНЕ нема никакво влијание во Европскиот парламент ниту сојузници што се потврди и со гласањето за извештајот. Ваквата резолуција би значела нов пораз во ЕП. Штетни и исклучиво за тесно политички интереси се овие непромислени политики на ВМРО-ДПМНЕ со кои самите го оспоруваат она што веќе никој не го оспорува. Прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ свесно сака да ја втурне државата до пораз во пораз за потребите на своја кампања? Дали ова не е уште едно договорено сценарио со дел од ним блиски бугарски европратеници за креирање повторно страв за македонскиот јазик и идентитет? Штетите кои се прават со овие политики ќе бидат трајни, рече Костова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат