СДСМ: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ врв на лицемерие

Од:

Денешната прес конференција на Зоран Ставревски е врвно лицемерие со кое продолжи досегашниот неодговорен пристап на врвот на ВМРО ДПМНЕ, без елементарно чувство, разбирање и грижа за националните интереси и иднината на Република Македонија, велат од СДСМ.

Јавноста повторно се увери во игнорантскиот однос на Никола Груевски за актуелната политичка криза и за уште потешките последици кои можат да произлезат од нејзиното продлабочување.

За потсетување:

Сојузот за иднина, не одлучи да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку оваа наша одлука е одговор на партиско-полициски пуч на власта, во кој и самиот Ставревски по налог на Груевски беше директно вклучен, заради што беше суспендирана парламентарната демократија и поништен легитимитетот на државните институции.

Никој во Република Македонија нема дилема дека кредибилитетот на државните институции го даваат, и во конкретниот случај може да го вратат, единствено граѓаните преку своите гласови на слободни и фер предвремени парламентарни избори.

Токму во тој контекст, претседателот Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција, на 15 февруари, предложи разумен, конструктивен и фер план за излез од кризата, според кој одлуката дали ќе има или не предвремени парламентарни избори да одлучат граѓаните на претстојните локални избори, а не ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Тој предлог гласи, ако на локалните избори, советничките листи на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори.

Доколку во ВМРО ДПМНЕ навистина веруваат во подршката на граѓаните и во победата на претстојните локални избори нема никакво логично образложение зошто упорно го одбиваат овој предлог.

За жал, и после денешната прес конференција на која всушност и немаше никаков предлог од ВМРО ДПМНЕ, јасно е дека Никола Груевски искрено не посакува решавање на политичката криза, пишува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница