(ВИДЕО) СДСМ предлага укинување на екстерното и минимална плата од 11.000 денари

Од:

Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери, предложи три закони, со коишто ке се укине екстерното оценување, ќе се зголеми минималната плата во земјава и ќе се постави контрола во трошењето на парите на граѓаните.

-Со законот за изменување на Законот за основно образование, бараме укинување на екстерното тестирање. Овој т.н. проект на Владата наместо да го подобри квалитетот на образованието, драстично го влоши со што нанесе штети како на образовниот процес така и на учениците и наставниците. Децата ни се изложени на непотребни стрес, страв, паника што влијаат на нивната емотивна состојба и може да остават последици во психолошкиот развој, рече координаторот на СДСМ во собранието, Горан Сугарески.

-Со измените на Законот за зголемување на минималната плата, предлагаме да се зголеми постоечкиот износ од 9.590 денари на 11.000 денари. Оваа законска измена ќе помогне на граѓаните со ниски примања. За прв пат и вработените во одделите со најниски плати ќе добијат минимална плата во полн износ. Целта е да се обезбеди повисок износ од минимална плата на сите работници во земјава, којашто работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа со полно работно време и исполнет нормиран учинок. За да се подобри животниот стандард на ранливата група граѓани, со најмали плати, потребни се средства колку што вреди изградбата на Панорамското тркало во Вардар, така што не гледаме причина да не биде поддржан предлогот, рече тој.

-Ќе предложиме и измени во Законот за буџетите. Граѓаните мора да знаат каде и како се трошат нивните пари. Скриениот начин на трошењето на буџетските пари овозможува злоупотреба на народните пари и коруптивното однесување на власта. Со усвојување на предложените измени ќе се зголеми конролата врз трошењето на парите на граѓаните, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните