СДСМ предлага измени и доплнувања на меморандумот за евроинтеграции

Од:

СДСМ изготви измени и дополнувања на меморандумот за евроинтеграции предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кој е составен дел на мартовскиот договор.

Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ денеска по состанокот на работната група за препораките од извештајот на ад-хок комисијата за 24 декември, изјави дека и покрај нивните забелешки на меморандумот во најкраток рок може да се организира и негово потпишување.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, пак, истакна дека меморандумот и исходот од работната група може земјава да ја врати во колосек.

– По однос на меморандумот не гледам ништо спорно и мислам дека кој било политички актер во РМ кој сака да придонесе за членство во ЕУ нема никаков изговор да не го стори веднаш. Се надевам дека и останатите неколку точки ќе можеме да ги реализираме за да имаме целосно позитивна слика во претстојниот октомвриски извештај на ЕК, изјави Попоски денеска на ФИНКИ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана