СДСМ: Пред заминување, Груевски ги награди своите поддржувачи

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се во паника од губењето на власта.

На крајот од мандатот, Никола Груевски се обидува да ги награди најверните поддржувачи на неговите виртуелните политики што ја опустошија Македонија и ги осиромашија граѓаните.

Денеска, Никола Груевски го назначи Тони Михајловски од за нов уметнички директор на МНТ. Ова е многу повеќе од дополителна партизација на културата.

Михајловски по налог на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше криминалот и корупцијата на Никола Груевски во изминатите години, преку квази-здружението ГДОМ.

Додека граѓаните на Македонија слушаа за сите злоупотреби на Никола Груевски, за незаконското прислушување, провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, изборните грабежи, заташкувањето на убиството на Мартин Нешковски, нарачаните казни, арачот и затворањето на фирмите, незаконското рушење на инвестицијата Космос, местенките во судството, „дил-ориентед“ политиките, припадниците на ГДОМ го бранеа со трибини.

Затоа Груевски ги наградува на крајот на мандатот.

Пред неколку недели, со наградите 13 ноември Коце Трајановски им се оддолжи на дел од останатите припадници на ГДОМ и поддржувачи на Никола Груевски, Димитар Мирчев, Јелена Жугиќ, Братислав Димитров…

Тоа се луѓето на Никола Груевски коишто на сите граѓански протести организираа контрапротести или паралелни здруженија кои служеа за потсмев кај македонската јавност.

Ништо не го спасува Никола Груевски од изборен пораз, ниту квази-здруженија, ниту виртуелни награди. Граѓаните бараат прмени, победува слободна Македонија.

Граѓаните порачуваат: Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда