ВИДЕО: СДСМ пред одлука за кандидат за претседател

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, не сакаше да открие пред новинарите кои се имињата на кандидатите за претседателите пред конгресот што ќе се одржи в недела. Тој негира дека пропаднал огласот на СДСМ и рече дека има 24 пријави од општински организации на СДСМ и дека сите ќе бидат разгледани.

„Раководството на партијата во попладневите часови ќе одржи координативен состанок на кој ќе бидат разгледани сите пристигнати кандидатури, а конечниот збор за изборот на кандидат за претседател ќе го кажат делегатите на конгресот в недела. По ова, раководството на СДСМ ќе одржи средба со коалициските партнери, на која ќе се изнесе предлогот на СДСМ. Се очекува зелено светло од коалициските партнери за предлогот на СДСМ“, рече Митрески.

Прашан за коментар за одлуката на албанската опозиција за свој кандидат за претседател, Митрески вели дека и албанската опозиција има демократско право да си кандидира свој предлог доколку не сака да поддржи консензуален кандидат.

Најзвучни имиња за кандидати за претседател, според партиски извори, се Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Стево Пендаровски. Сепак, официјално, вечерва Али Ахмети и Заев ќе го договорат името на кандидатот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни