СДСМ: Празни ветувања на Никола Груевски

Од:

„Никола Груевски ги троши последните 2 месеци од премиерскиот мандат во предизборни цели. Секој ден го слушаме Никола Груевски како празно ветува проекти и виртуелни инвестиции коишто не ги реализираше во изминатите 10 години.

Типичен пример за тоа е последното негово празно ветување дека ќе изгради 3 нови студетски домови.

10 години Груевски не изгради ниту еден студетски дом. 10 години Груевски не реконструираше ниту 10% од студентските легла во постојните студетски домови.

Замислете, оправдувањето на Никола Груевски е дека 10 години барал локација за студетски дом.

Човекот целосно се загуби и ветува што ќе му текне, потценувајќи ги граѓаните.

Која е следната виртуелна инвестиција или празно ветување на Никола Груевски? Биг Бен во Прилеп, Бруклински мост во Куманово?

Едно е сигурно, Груевски за своите предизборни цели сака дополнително да ги задолжи граѓани со нови кредити коишто ќе ги враќаат идните генерации. Ново задолжување со обврзница од 500 милиони евра, нов кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, нов кредит од 21 милиони евра од ЕБОР…

Дали Груевски се замислува дека е „господин орочен“ па може да ги задолжува сите граѓани кога ќе му текне?

Груевски потроши 25 милијарди евра нардони пари од Буџетот а економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, фирмите се затвораат, здравството не функционира, граѓаните се гушат во нечист воздух…

Никола Груевски им одзема 10 години од животот на граѓаните и Македонија вели доста е.

Ниту Никола Груевски ниту овие 10 години нема повеќе да се повторат во Република Македонија. Го испраќаме Никола Груевски во минатото за никогаш повеќе да не ни се повтори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?