СДСМ: Пратеникот Јаулески не живее во станот каде се вршел претрес од Финансиска полиција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ уште рано утрово пласираат невистини, оркестрирано ја лажат јавноста во врска со отворената предистрага од страна на Финансиската полиција. Пратеникот Јован Јаулески излажа дека во неговиот дом Финансиската полиција вршела претрес реагираат преку соопштение од СДСМ.

-Како што јавно објави Финансиска полиција, претресот бил направен во стан на неговиот татко каде Јован Јаулески воопшто не живее.Во меѓувреме во медиумите се појавија документи кои покажуваат на која адреса живее Јован Јаулески, односно стан кој го плаќа Собранието, за којшто граѓаните плаќаат 330 евра месечно.Згора на се, Јаулески зема и патни трошоци. Дали тоа што цело ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски веднаш се стави во заштита на криминал отвора сериозни сомнежи за дирекна поврзаност на оваа партија со скандалот останува да покаже истрагата, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски