А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Пратеничкиот состав во Собранието донесе историски одлуки, затвори децениски прашања и ги отвори европските перспективи на државата

by А1он19/02/2020 - 09:12119
Share0

„Пратеничкиот состав на СДСМ и коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија, работеше посветено и за само три години, донесе низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот и напредокот.

Добивај вести на вибер

Последен и најзначаен пример за тоа е усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, со што се заокружија реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што се постави темелот на судските реформи, поддржани и од нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД.

Се создадоа услови за градење на силна правна држава, ослободена од притисоци, ослободена од политички влијанија“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ратификувањето на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги затворија децениски отворените прашања и се отворија европските перспективи.

Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор, најважниот меѓународен документ во историјата, ја обезбедивме иднината во НАТО

Во насока на унапредување на демократијата и заштита правата на граѓаните беа донесени низа законски решенија од повеќе области.

Беше усвоен Закон за заштита од дискриминацијата, кој е пример како се подготвува закон во соработка со невладиниот сектор.

Преку сосема нов Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси се унапреди законската регулатива за борбата против корупцијата.

Собранието обезбеди избор на нов и целосно независен состав на Државната комисија за спречување на корупцијата,законска регулатива која обезбеди реформа во безбедносниот сектор, унапредување на ефикасноста и квалитетот на безбедносните структури, но и заштита на граѓаните од злоупотреба и прекршување на човековите права како што беше масовното прислушување во времето на режимот.

Од исклучително значење е дека законите за агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно разузнавачка заедница, за следење на комуникациите, за оперативно техничка агенција , кои се основата на реформите во безбедносниот сектор, беа донесени заедно со опозицијата.

Парламентарниот состав на СДСМ и коалицијата покажа одлучност во намерата Република Северна Македонија да стане европска држава со европски вредности.

На тој пат продолжуваме и по победата на 12 април“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:07

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски02/05/2026 - 11:4002/05/2026 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто