СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

Од:

Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живот. Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела недостасува биолошкиот лек Palbosiklib, недостиг има и на лекот Bevacizumab (Авастин) – терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно, терапија од која зависи нивниот живот, велат од СДСМ.

„Кој е сега изговорот на Клековски и на Таравари? Кој ќе понесе одговорност? Наместо конкретни решенија и навремена набавка, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да обезбедат навреме лекови, луѓето со месеци чекаат на терапија. Ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни. Недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешките болни. Одговорност мора да има. Животот на пациентите со рак не смее да биде жртва на неспособноста и неодговорноста на оваа власт“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски