СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Од:

СДСМ повторно го поднесе предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка.Сакаме да испратиме јасна порака дека ова не е политички закон туку ова е човечки закон. Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална обврска и праведна грижа кон оние кои најмногу страдаат, информираше пратеникот Оливер Спасовски.

– Законот предвидува конкретна поддршка финансиска здравствена поврзана социјална за настраданите лица и членовите на нивните семејства. Претходно законот го поднесовме во скратена постапка и не доби поддршка од мнозинството во парламентот. Ги слушнавме забелешките на парламентарното мнозинство дека треба да има поголема прецизност дека треба подобра проценка на фискалните импликации дека се потребни одредени технички корекции на законското решение и токму во оваа законско решение ги опфативме сите тие забелешки кои што беа досега дадени. Меѓутоа имаме и втора можност, а тоа е во редовната постапка да се дебатира законот да се дебатира, да се поправи, да се доуреди доколку за тоа има потреба во амандманската работа. Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите надомест од 80.000 евра додека пак сите оние коишто се со повреди зависно од степенот на инвалидитето да се одреди и сумата којашто треба да ја добијат, рече спасовски и ги повика сите пратеници во Собранието да гласаат за Законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски