СДСМ: Поврзаноста на партиските испостави со медиумскиот мрак е доказ за потребата од реформа на медиумите

Од:

„Директната партиска поврзаност на фамилијата Гошеви со ВМРО-ДПМНЕ е еден од клучните аргументи дека Елена Гошева не може да одлучува објективно, непристрасно и во согласност со законот кога станува збор за изборни криминали на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Уставен има конфликт на интереси и мора да си поднесе неотповиклива оставка.

Дополнително, се потврди дека партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се поврзани и со шемата за контрола врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Веќе неколку дена нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Ова е уште една потврда дека медиумските курири се директно поврзани со фамилијарните инсталации во судството.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он