А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Повисока плата за медицинскиот персонал што е во директна борба против коронавирусот

by А1он27/05/2020 - 08:58214
Share0

„Македонското здравство покажа дека може навремено и ефикасно да се справи со заканите од глобалната пандемија со коронавирусот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Оваа глобална криза покажа уште појасно дека здравството е еден од основните општествени столбови и токму затоа Владата предводена од СДСМ и натаму ќе продолжи да вложива во овој клучен сектор.

Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови својата иднина и кариера да ја градат во македонското јавно здравство.

За период од две години, Владата предводена од СДСМ, ги зголеми платите на здравствените работници, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, како и повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации“, велат од СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, платата во здравстворо е зголемена за четири пати.

Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.

Зголемени се и коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници, некои типови на дежурства, за два до три пати повисоки за викенд.

За првпат, Влада предводена од СДСМ ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Здравствените работници ја заслужуваат нашата благодарност, за сиот труд и пожртвуваност во изминатиов период. Токму затоа вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеца.

Наградени ќе бидат сите вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот, доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, како и вработени во институтите каде се правеа испитувањата.

Како одговорна партија посветена на заштита на здравјето на граѓаните, СДСМ продолжува со мерки и политики што обезбедуваат ефикасен здравствен систем, вреднуван персонал и задоволни пациенти“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео