А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Повикуваме на смиреност, насилниците ќе одговараат

by А1он27/04/2017 - 23:57177
Share0

„Режимот нема да ги спречи демократските процеси. Парламентарното мнозинство ќе ја спроведе граѓанската волја за правна и демократска Македонија.

Добивај вести на вибер

Во моментите на еден од најголемите предизвици во историјата на Македонија, на крваво насилство поттикнато и креирано од режимот во распад на Никола Груевски, СДСМ повикува на максимална воздржаност и присебност од секој граѓанин, независно од каква било различност.

Повикуваме да останете смирени, истрајни и никој да не подлегнува на насилните сценарија и провокации за нереди на Никола Груевски и тесната криминална група околу него.

Потребно е секој да биде на ниво на својата одговорност и да придонесе кон смирување на тензиите, затоа што само така ќе се овозможи пат и натамошен развој на демократијата во Македонија којашто е врвен државен интерес.

Денес во Република Македонија е направен огромен исчекор напред во демократските процеси. Избран е нов претседател на Собранието, а во периодот што престои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

Сите оние кои денеска вршеа насилство врз легитимните претставници на граѓаните во Парламентот и врз Законодавниот дом, ќе се соочат со лична кривична одговорност“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsmsobranie

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто